Во синоќешното гостување во „Програма 200“, на Алсат М, актуелниот народен правобранител, изјави дека се чувствува манипулиран од ДУИ со оглед на тоа што му беше ветено дека ќе стане премиер.



Тој рече дека наместо тоа му биле понудени многу функции, како за вицепремиер, министер за правда, и многу други, но негова одлука беше да не биде вклучен во извршната власт.

„Затоа мислам дека во дадените околности не можело да се направи нешто повеќе. Се разбира, во таква ситуација беше моја одлука да се вклучам во извршната власт со друга позиција или да останам надвор од извршната власт. За волја на вистината, лидерот на ДУИ ми ги понуди сите опции.“ рече Зибери во гостување на Алсат ТВ.

Зибери рече дека постои договор меѓу коалиционите партии за Албанец премиер и очекува дека тој ќе се испочитува.

„Верувам дека ова ветување не е само заборавено ветување, верувам дека договорот помеѓу двата главни субјекти на власт ќе се почитува и во последните три месеци ќе се реализира, инаку и поранешниот лидер на СДСМ потврди лично дека тоа е договорено и дека таквото ветување за Албанците ќе стане реалност“, рече Зибери во гостување на Алсат.