Суд во Хрватска казни 51-годишен Славонецбидејќи на 22 октомври минатата година во писмена претставка му напишал на полицаец дека „и овците се попаметни од него“.



Судот оцени дека обвинетиот сторил прекршок од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир со омаловажување и навреда на полициски службеник при вршење на службената должност и изречена му е глоба од 19,91 евра, пишува Глас Славоније.

Казната треба да ја плати во рок од 30 дена од приемот на пресудата, а доколку во наведениот рок плати две третини од глобата која изнесува 13,27 евра, ќе се смета дека казната е целосно платена.