Му пукнал филмот: По 20 години се откажува од Македонски Телеком поради тотална негрижа за корисниците

Корисник на телефонски И интернет услуги на Македонски Телеком јавно објавува дека по две децении користење на нивните услуги го менува провајдерот и оди кај друга конкурентска компанија кој му нуди подобро услови.



Причината е целосно негрижа за него како постоечки корисник.

Овој пост предизвика интересна дебата на Твитер која е корисна за сите постоечки и идни телефонски интернет корисници која најчесто ја нема во традиционалните медиуми.

,,По повеќе од 20 години со @TelekomMK (Македонски Телеком) одлучивме сите дома да се префрлиме на @A1Makedonija. Причината е тотална негрижа за постоечките корисници и фокус само на нови корисници”, пишува корисникот кој ги набројува сите причини зошто не го продолжува договорот со Македонски Телеком:

1. Досегашниот мобилен интернет кој се префрлаше од претходниот месец веќе не важи. Сега ми нудат фиксно 40GB по број, а за третиот број го намалуваат интернетот од 4GB на (пази ваму!) 2GB! Или доплата 500 ден! Дали во 2022 треба воопшто да се нуди интернет од 2GB за цел месец???

2. Не инвестираат во оптика во Велес. За цела лева страна на градот нема оптика, 2022 сме, а оптиката е многу одамна воведена како медиум за брз интернет. Нема ни за многумина што живеат на 300 метра воздушно растојание од централата. Значи не можам да користам фиксен интернет.

3. А1 ми нудат неограничени разговори и неограничен интернет за сите три броја. Месечен надомест ист како новиот договор што ми го нудат Телеком, ама имам и фамилијарен бонус од 20.000 денари, што е 2000 денари повеќе од тој на Телеком.

,,Ќе бидам отворен. Ми пукна филмот прво со доплатата за до 40GB за третиот број. Второ, со воведување на 5G, тие 40GB ќе можат да се сркнат за помалку од еден ден, во зависност од содржините. Знам и дека многумина се жалат дека тие 40GB не им се доволни во месецот. Ете така”, пишува корисникот кој е само еден од тие што се незадоволни од својот оператор а кои не знаат што да прават.

Во продолжение на твитот на разочараниот од Македонски Телеком се развива интересна дебата за провајдерите на телефонски и интернет услуги кои иако се тагирани во дебатата молчат и не реагираат на јавната одлука корисник кој користи услуги на Македонски Телеком од 2002 година да се откаже од нив.

Молчи и Агенцијата за електронски комуникации која е регулаторно тело кое ги мониторира услугите од Телеком операторите кон граѓаните.