Амбасадор на Македонија во една голем светска дестинација добил рок од 5 дена да се врати во земјава откако дисциплинска комисија во МНР утврдила дека тој ги прекршил правилата за работа на дипломатски претставник и вработен во министерството за надворешни работи.
Амбасадорот прво бил оценет како виновен за вршење на сексуално вознемирување а потоа од страна на министерот Бујар Османи и претседателот Пендаровски биле донесени одлуки за негово итно враќање во земјава.
Амбасадорот во дипломатските кругови важи за близок на шефот на државата Стево Пендаровски.
Неговиот случај го обелодени шефот на парламентарната комисија за надворешна политика Антонио Милошоски кој обелодени поплаки на сексуална основа од две жени кои професионално соработувале со амбасадорот во дипломатска мисија на Македонија.
Најнова поврзана вест
Правда во случајот кој ексклузивно на први јуни го објави Expres.mk
По сексуални инциденти потпишан указ за враќање на амбасадорот Цеков од Токио






