Му објавија лански слики на Борисов со пиштол, евра и кондом

Во пресрет на утрешните арламентарни избори во Бугарија, одново се појавија стари фотки на кои се гледа поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов како спие во државна резиденција со значителна сума на евра во фиока покрај креветот и пиштол на врвот на ноќната маса.



На една од фотографиите се гледа пиштолот оставен на масата, а до него има портокалов презерватив.

Борисов за снимките го обвини претседаелот Радев

Фотографиите се испратени од анонимен испраќач до ток-шоуто „Евро Дикоф“ со е-пошта во која се наведува дека потегот е предизвикан од неактивноста на обвинителството откако беше објавен првиот сет фотографии во гангстерски стил во јуни 2020 година, кога Борисов уште беше на чело на државата, пренесува Интелињуз.