Му дозволил ли министерот Османи на функционер на СДСМ да го крши законот?

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска доби повеќе незгодни прашања за противзаконско работење во МНР.



Од неговите одговори зависи дали Османи и самиот е соучесник во кршење на законот за МНР.

Прашањата кои ги упатува професионална дипломата во МНР Викторија Трајков се однесува на акти кои треба да регулираат однесување на висок функционер на МНР и СДСМ кое е спротивно на законски и подзаконски одредби:

Дали овие акти важат за државниот секретар кој се појавил на трибина спротивно на Законот?

Дали бил со службено возило од МНР на трибината?

Дали добил од вас согласност за јавен настап како што тоа го барате од останатите?

Прашањата се упатени откако СДСМ објави дека државниот секретар во МНР Филип Тосевски учествувал на јавна партиска трибина како шеф на комисијата за надворешна политика и евроинтеграции.

Државниот секретар во МНР е највисока административна функција и не смее да врши партиски активности.

На потег за случајот е Антикорупциската комисија но и вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска.