Една од можните причини што Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција кое го води обвинител близок на ДУИ е дека Ислам Абази му дава време на ,,Кланот Ахмети” да скрие опасни траги поврзани со скандалот Соравија и други предмети во кои е инволвиран ,,Кланот Ахмети”.
Извори во повеќе институции тврдат сака најмалку 16 дена ЈО ГОК кое го води Абази не побарало прелиминарни имформации за случајот од повеќе институции кои можат да ти проверат финансиските и административни трансакции кои се виделе за Соравија но и други поврзани дека.
Додека Абази чека да почне реална истрага во законскиот рок од 30 дена ,,Кланот Ахмети” може да врши различни чекори кои можат но не мораат да ,,покријат” некои од незаконските или неетичките потези на инволвираните.
Во меѓувреме Абази молчи и за другите бизниси на Кланот Ахмети во кои е инволвиран сватот на лидери на ДУИ кој веќе го префрлил скапоцениот Ролс Ројс на друго лице.
Обвинителството уште на 7 јули објави дека има истрага за Соравија но до петок навечер немало наредби за прибирање на материјали за случајот.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не мора да ги чека наредбите од обвинителството за самиот да ги провери индициите за нелегално поведение на внуците, синот и сватот на Али Ахмети.
Повеќе детали за случајот
Спасовски не мора да го чека Абази за да истражува индиции за криминалот на ,,Кланот Ахмети”






