Му дава ли обвинителството време на Дрин Ахмети да се спаси од затвор?

Полициски извори кои инсистираат на анонимност тврдат дека под политички притисок Јавното обвинителство се обидува да му даде време на внукот на Али Ахмети, Дрин, кој вчера беше фатен со огромна количина пиротехника.



По апсењето со полн гепек пиротехника во полициска станица на записник, Дрин Ахмети кажал дека пиротехниката е купена од продавница но не покажал соодветна фискална сметка и не дал име и локација на продавницата од која наводно е купена стоката.

Во други случаи откако фатени криминалци не ја кажуваат продавницата тие веднаш се предмет на кривична прогон од обвинителството но сега од таму најавуваат вештачење што за полициски службеници е знак дека се прави обид за спас на внукот на Али Ахмети.

Во врска со изјавата на ОЈО дека треба да се прават вештачења на пиротехниката, полициските службеници во МВР тврдат дека дека Основното јавно обвинителство Скопје кое го води предметот му купува време на Дрин Ахмети за да најде фискална сметка од овластен продавач како би докажал дека ја купил.

Шеф на скопското јавно обвинителство е екс обвинителот на СЈО Гаврил Бубевски.

Проблем за внукот на Али Ахмети и сопственик на ТЦ Соравија е што во гепекот на џипот со албански регистарски таблички имало и голема количина петарди за кои Дрим не може да најде фискална сметка и за кои ќе мора да одговара.

Дури и ако обвинителството успее да му даде шанса на Дрин Ахмети да најде фискална сметка за дел од пиротехниката тој според законот мора да се соочи со затворска казна од најмалку 3 до 10 години според членот 396 од кривичниот законик.

Наскоро на истата тема:

Кој е функционерот на ДУИ кој се обидува да влијае на МВР Дрин да добие друга пријава со која ќе помине само со парична казна?