Му дала ли МПЦ дозвола на Заев да преговара со Вартоломеј?

Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија молчи за разговорот што премиерот Заев го водел со руските комичари во кој се зборувало за плаќање 150 илјади евра на патријархот Вартоломеј за автокефалност на МПЦ.



Ниту поглаварот на МПЦ ниту портпаролот на Синодот 20 часа по објавениот скандал не реагираат за тоа што премиерот ја преземал улогата на Светиот Архиерејски Синод да преговара за статусот на црквата.

Молчењето на МПЦ за скандалот, според добро информирани извори во црковната политика, може да значи дека поглаварот Стефан и Синодот премолчено му дале право на Заев да преговара за статусот на црквата.

Доколку се случува ова сценарио тоа би било спротивно на законот затоа што Македонија според уставот е секуларна држава и црквата и другите верски заесници се одвоени од државата.

Доколку пак Заев сам без дозвола на Синодот си дал за право да преговара тогаш МПЦ ќе мора јавно да го осуди разговорот на Заев кој во разговорот со лажниот Порошенко е позитивен за давање 150 илјади евра на Вартоломеј за автокефалност на МПЦ.

МПЦ досега нема јавно објавено дека Синодот дал дозвола на Заев да преговара во име на македонската православна црква.