МТВ се огради од „одмакедончувањето“ на поглаварот на МПЦ-ОА – така инсистирал организаторот на манифестацијата?! (ВИДЕО)

Македонската телевизија (МТВ) одговори на прозивката од поглаварот на Македонската православна црква – охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан, кој побара извинување за именувањето како „архиепископ охридски“, без „македонски“, во директниот пренос од синоќешниот Божикен концерт.



„За време на вчерашниот пренос на Македонската телевизија од концертот на Бадниковите поворки, неговото блаженство, г.г. Стефан, поглавар на МПЦ–ОА беше потпишан со титулата „Архиепископ Охридски“, на инсистирање и според официјалниот допис од организаторот на манифестацијата.

Македонската телевизија, која вршеше пренос, се оградува од пропустот на организаторот, бидејќи јавниот сервис секогаш се придржува до целосната титула на поглаварот г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски“, стои во известувањето на МТВ.

„Одмакедончувањето“ на Неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, на временските исечоци 4:43 и 1:16:07 од видеото: