Силни емотивни реакции од Струшко од каде не го прифаќаат минимизирањето на улогата на Комитите од овој крај во Илинденското востание од страна на претседателот Пендаровски.
Претседателот во цинична реакција до Мицкоски кој како лидер на ВМРО-ДПМНЕ со години доаѓа на прославата во селото Ташмаруништа ги погоди емоциите на луѓето од овој крај чии претци гинеле за Македонија исто како и тие во Крушево, Невеска, Клисура, Кичево и други градови и села.
На Пендаровски му одговара кривичарот Војо Димовски чиј дедо поп ги собирал коските на убиените во Илинденското востание во 1903.
“Да беше Преседател на сите граѓани и да имаше трунка национално достоинство, сигурен сум дека повнимателно ќе ги одбираше зборовите!
Да ја знаеше историјата ќе имаше предвид дека не е случајно чествувањето на Илинденското востание во нашето село. Ќе знаеше дека безмалку секоја куќа дала по некоја глава, а дека несебично се бореле и гинеле и браќата од Ложани, Драслајца и од други села.
За волја на вистината имало и такви како него кои иронизирале, а едни пак, иако добро вооружени не се појавиле на линијата на борбата. Такви мостри имаме и денес, за жал на клучните позиции на кои треба да има чесни, достоинствени и домаќини!
Јасно ми е зошто сакате да си ја заборавите историјата, ама имајте разбирање и за нас кои сме воспитани да си ја знаеме!
Еве јас знам дека дедо ми Захариј, десетина дена после Илинденското востание, кога измолил од Турците да дојде во изгореното Ташмаруништа, на негови 23 години, како млад свештеник, талкал низ селово и од устите на кучињата тргал коски на Илинденци, за чесно да ги погреба! Оваа историска епизода ја знае и мој Илија на негови пет години! Утре денот ќе ни почне со Панихида во спомен на овие јунаци кои добриот о.Захариј ги погребал во заедничка гробница.
Тасевци ќе се сетат на баба им Невена. Дури кутрата чекорела помеѓу ковчезите на синовите Ристо и Наум загинати во борбите кај Сливово, маж и’ и довикнал да внимава да не се затетерави, а таа гордо му рекла “Не грижи се Тасе, синовите ме крепат!”
Не грижи се Стевче, нашите мртви нѐ крепат!
За разлика од тебе, и нашите живи нѐ крепат!”, пишува во емотивната порака Димовски до шефот на државата кој нема да држи говор на Мечкин Камен затоа што не сака да биде исвиркан, навредуван и колнет од граѓаните.
Потесниот пост на Димоски
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10224553111166778&id=1578567653






