МРТ доби награда како Македонија без северна во Милано

Новинарот Тони Стојановски кој е автор на легендарниот коментар при победата на Македонија против Грузија и пласманот на Европското првенство во 2021 година објави дека Македонската Телевизија добила вредна награда MENTION D’HONNEUR на настанот SPORT MOVIES & TV во Милано!



Притоа наградата ја добила МРТ од Македонија а не од Северна.

,,Ах бре политиканти наши, кога се сака, дури и во срцето на “Недојдија” кон којашто не туркате насила, само за ваши интереси, скромен и стамен Македонец може да извојува ваква победа за МАКЕДОНИЈА!

“Дајте ми лост и ќе го поткренам светот”.

Но…. треба да се сака и да се знае!!! И само по малку, ама навистина малку, да се има кривопаланечки инает и битолска тврдоглавост, на пример.

Се што сторивте 30 години, ќе поправиме.

Само МАКЕДОНИЈА е вечна!”, пишува Стојановски за наградата во која е елиминирана северна.

Вчера и потписникот на северна се врати на Македонија

Како тргнал уште малку може да почне да скандира ,,Никогаш северна само Македонија

Му се згади ли и нему, потпиша за ,,Северна” а сега користи само Македонија

Легендарниот коментар на Стојановски

Коментаторите на МТВ со бура од емоции по последниот свиреж на судијата (Видео)