Мрежите преплавени со компромитирачки фотографии на новиот технички премиер (ГАЛЕРИЈА)

Само неколку часа по објавувањето на одлуката на СДСМ нов технички премиер да биде министерот за полиција Оливер Спасовски на социјалните мрежи започнаа да се објавуваат негови фотографии на кои е заедно со обвинетиот за Рекет во истоимениот случај Бојан Јовановски алијас Боки 13.



Главното прашање кое граѓаните му го поставуваат на новиот технички премиер е што барал на толку многу настани со човек за кој не беше тешко да се претпостави дека е во најмала рака контроверзен.

На една од фотографиите кои се компромитира Спасовски се гледа дека тие двајца имале дури и официјална средба во МВР.

На граѓаните не им е јасно зошто Спасовски седел на концерти со Боки 13.

Второто најинтересно прашање е зошто Спасовски не можел да види што подготвува да прави Боки 13.