МПЦ-ОА го поздравува писмото на Пендаровски до Вартоломеј

Го поздравуваме писмото кое го испрати претседателот на државата до патријархот Вартоломеј и добро е што државниот врв се интересира да се реши спорот со црковното прашање, вели митрополитот Дебарско-кичевски и портпарол на МПЦ, отец Тимотеј за ТВ24 .



На прашањето дали Пендаровски претходно бил на координација со претставници во Македонската православна црква, Тимотеј одговори: 

„Jaс лично не сум имал средба и мислам дека немало таква официјална средба. Но, е за поздравување тоа писмо затоа што вселенскиот  Патријарх има таква надлежност, признавање на МПЦ во православниот свет“.

Претседателот Пендаровски упати писмо до Вселенскиот патријарх со замолница и на православните христијани во земјава да им биде дозволено да станат дел од светската христијанска екумена.