Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу вели дека позиционирањето на Македонија во орбитата ќе овозможи поголема безбедност на податоците на граѓаните, но и поевтин процес на дигитализација. На прашањето дали Македонија ќе има свој сателит во вселената, Алиу рече дека тоа се очекува да се реши во следните 2-3 години, односно да се направи финансиска анализа.

„Ова е многу важно за Македонија како држава, но и за дигитализацијата на општеството. Тоа значи да имаме орбитална позиција во вселената, тоа е важен фактор за две прашања, прво треба да размислиме за нашиот сателит еден ден, ако не денес, во иднина. Знаете дека земјите веќе или позајмуваат или работат на лансирање сателити. Со тоа ќе се посигурни податоците за граѓаните, послободна дигитализација за општеството како и престиж за земјата на крајот на денот е да биде лансиран сателит“, рече меѓу другото Азири.

„Ова ќе трае, всушност во моментов имаме дефинирани координати за нашата држава. Направени се и веќе ги имаме на располагање. Втората фаза е анализата, фазата трае 2-3 години. Дали ќе одиме со лансирање на сателитот или тој простор ќе биде позајмен на одреден период. Ова треба да биде одлука на државата заедно со ITUWRC. Знаете дека ITU е најстарата институција во светот која ги дефинира фреквенциите за комуникација во орбитата, има три нивоа, ние сме на трето ниво, на 16,6, ако сакате да ја знаете бројката, значи точната позиција што ја имаат во орбитата“, додаде Алиу.
Инаку, овој месец на Светската радиокомуникациска конференција, ITUWRC 23 во Дубаи, министерот го потпиша актот со кој на Македонија и се гарантира позиција во орбитата.






