Можно ли е да стопира исплатата на пензиите? – Државата доцна го плаќа долгот во банките

Пензионери деновиве преку протести бараат линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари наместо најавеното зголемување од 6 отсто кое се очекува од септември. Тие бараат и да се утврди најниската пензија да не биде под 20.000 денари со образложение дека со сегашните примања не можат да ги покријат основните месечни потреби за лекови и храна.



Протестите на пензионерите почнаа во Прилеп, се проширија и во другите градови и се одржуваат секој ден. Засега нема реакција од владата, но реагираше Сојузот на пензионери и пензионерскиот синдикат. Сојузот се изјасни дека не прифаќа линеарно зголемување на пензиите, но најави дека веќе подготвува предлози за зголемување на минималната пензија. Синдикатот на пензионери, пак, е за линеарно усогласување на пензиите и законско утврдување дека минималната пензија ќе биде 60 отсто од просечната плата во државата.
додека пензионерите се расправаат дали зголемувањето на пензиите да биде процентуално или линеарно, можно е државата да нема пари да ги покрие сегашните исплати на пензиите, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.

– Тоа може да се види од фактот што државата доцни со исплата на долгот кон банките за предвремената исплата на пензиите востановена во 2020 година за време на ковид кризата. Државата која треба да ги исплати износите кон банките до крајот на месецот, односно до 31, последните месеци доцни со денови, а овој месец веќе доцни 10 дена. Тоа значи дека државата има сѐ помалку пари за покривање на дупката во Фондот за пензиско и сѐ поизвесно е дека Фондот многу брзо ќе дојде во криза. Со тоа се доведува во прашање исплатата на пензиите, не само нивната висина – вели Хајредини.

Според него, оправдан е револтот на пензионерите со ниски пензии кои се бројни, но според него, линеарното зголемување на пензиите ќе доведе до нарушување на сразмерот меѓу пензиите.
Целата анализа на
https://plusinfo.mk/dodeka-baraat-povisoki-penzii-mozhe-da-ostanat-i-bez-redovnata-drzhavata-im-dolzhi-na-bankite-za-predvremenite-penzii