Обилните врнежи на некои места и до 50л/м2 значително ќе ги зголемат водостоите на реките Радика, Сатеска, Коселска и Голема, Треска, Вардар и Црна.
Од УХМР не ја исклучуваат можноста во западните делови од земјата врнежите да доведат до локални излевања на реките.
Од УХМР предупредуваат на крајно претпазливо и внимателно движење покрај реките поради опасност од нивно излевање.





