Може да се случи СИРИЗА да закаже предвремени избори, но не поради тоа што Панос Каменос ќе ја урне владата поради „македонското“ прашање.



Туку затоа што економијата не е „рај“ како што владата сака да ја претстави, пишува грчкиот портал IN.gr.

„Проблемот со пензиите е прашање кое може да биде фитил за предвремени избори. Ако владата успее да ја откаже или суспендира мерката на намалување, тогаш тоа ќе има сите причини да оди на избори. Наративот што е потребен за изборите ќе го има во рацете додека ‘македонското’ (прашање)ќе биде отворено, о не и решено (…) бидејќи зависи од Скопје, а ‘жешкиот компир’ ќе падне на следната влада“, коментира IN.gr.

Позитивната порака испратена од Ангела Меркел за пензиите создава услови „премиерот да подготви гласачки ливчиња.

Така, не се исклучува изборно изненадување од Алексис Ципрас на денот кога ќе заклучи дека има поволен договор за пензиите, пишува порталот според кој ако ова се случи во вонредна седница на Еврогрупа во ноември или во декември – се е можно.

Мицотакис бара предвремени избори