„Ми беше многу непријатно. Независно што тој е стар господин и можеби oдлепил комплетно со меморијата или има други амбиции“, изјави за Стојан Андов вешерва во гостување на ТВ21, професорот Љубомир Фрчкоски.
Во дебатниот магазин „Клик плус“ Фрчквски објаснуваше како се одлучил да поднесе тужба против поранешниот собраниски спикер,за книгата „До атентатот и по него“ во која се доведува во врска тогашниот министер за внатрешни Фрчкоски со атентатот врз претседателот Киро Глигоров.
Тој вели дека не ја прочитал целата книга, но…
„Тешко се одлучив, ја контекстира целата таа група помлади политичари, но јас сум најистурен од таа група, веројатно како министер за внатрешни работи. Без никакви докази, со инсуации. Ние сме всушност луѓе кои Глигоров ги внесе во политиката, мене, Денко, Јане Миљовски. Ми беше многу непријатно. Независно што тој е стар господин и можеби oдлепил комплетно со меморијата или има други амбиции“ , реќе Фрчкоски .





