Може ли шефот на комисијата со Бугарија да биде избркан од МАНУ?

По низата контроверзни изјави на претседателот на македонскиот дел од комисијата за историски и образовни прашања во јавноста започнаа дебати за иднината на професорот Драги Ѓоргиев.



Ѓоргиев кој има потекло од Струмица е професор на Институтот за македонски јазик и е ,,османолог” односно експерт за периодот на османлиското владеење со Македонија.

Како таков е дописен член на МАНУ поради што особено по неговата последна изјава дека Бугарија не била фашистичка земја кога ја окупирала Македонија сега се поставува прашањето дали тој се уште треба да биде дел од македонската национална научна академија.

,,Баш ме интересира дали институцијата МАНУ – МАКЕДОНСКА Академија на Науките и Уметностите има механизам да отповика академик, т.е. да му ја одземе титулата на некој, кој работи спротивно на интересите на државата Македонија, во која е тој академик.
Притоа, некако чудесно неговите ставови се подудруваат со “положението” на владејачката партија и преЦедателот, кои и не гледаат причина да се заштити ликот и делото на Гоце Делчев, еден од носечките столбови на македонската држава. Титан.
За нив знам дека има начин да се отповикаат. Протести и избори”, пишува и прашува професорката Дарија Андовска која го пренесува ставот и на многу други луѓе на социјалните мрежи.