Може ли да се повтори трагедијата од Тетово: Голема македонска болница работи без технички прием

Една од најголемите болници во Македонија работи без технички прием и постои опасност поради непроверена инсталација да дојде до трагедија за која ќе нема кој да одговара, предупредува ,,спијач” од Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој апелира министерството за здравство веднаш да преземе мерки за регулирање на состајбите во болницата која е веселена во објекти кои немаат технички прием.



Според спијачот кој нема директен контакт со спорниот објект се работи за популарната Костозглобна болница во Охрид официјално наречена Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“.

Според ,,спијачот” веќе трета година болницата не ја завршува големата реконструкција на објектите поради што не може да се направи технички прием и практично таа работи на диво а пациентите се лечат во здравствена установа која нема соодветни дозволи за функционирање.

Реконструкцијата на болницата почнала уште пред седум години.

Споредбата со тетовската модуларна болница во која изгореа 14 лица можеби не е најсоодветна затоа што за неа според законот немало потреба од технички прием но и овде се работи за сериозен проблем на здравствената установа каде годишно се лечат илјадници пациенти, вели ,,спијачот”.

Капацитетот на болницата која темелно се реновира од 2016 година е 215 кревети што значи дека една од најголемите болници во Македонија работи ,,на црно” предупредува ,,спијачот” кој вели дека за проблемот се информирани сите надлежни институции но никој не го решава проблемот.

Тој вели дека доколку во болницата не дај боже се случи пожар, поплава, струен удар или друг вид на хаварија нема да може да се најде виновникот затоа што таму нема технички прием и вината нема да може да се утврди.

Министерството за здравство уште во 2015 година информираше за почетокот крупен инфраструктурен проект, комплетната реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид. Реконструкцијата требало да биде комплетно завршена до 2018 година но по смената на власта целиот проект е проблематичен иако досега ангажираните фирми навремено и професионално завршиле над 90 проценти од реконструкцијата.

Станува збор за вкупна инвестиција вредна 215 милиони денари. Проектот опфаќа реновирање и адаптација на постојниот објект на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Охрид Св. Еразмо – Охрид, а вклучувајки ги и потребите на Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.

Инаку, оваа болница датира од 1950 година (кога функционирала во бараки), потоа во 70тите години бил изграден објект од поцврста градба, а веќе во 90тите години била изградена карабината врз основа на која сега се гради нова, најсовремена болница која функционира без технички прием.

Комплетната реконструкција опфаќа површина од вкупно 5.623 метри квадратни, кои ја даваат функционалната целина на објектот (2.191 метар квадратен на приземјето, 2.061 метар квадратен на прв кат, 1.370 метри квадратни на втор кат).

Проектот опфаќа доградба на централната-стара болничка зграда и карабината како и реновирање и реорганизирање на амбулантите, лабораторијата, стерилизацијата, и другите дијагностичките содржини. Според планот требало да бидат комплетно реновирани операционите сали со интензивната нега, како и болничките оддели со оформување тоалети во секоја соба.

Со доградбата на централната-стара болничка зграда, предвидено е во карабината да се имплементираат содржините кои се потребни на Заводот за кардиоваскуларни заболувања, и тоа:

– Адултна кардиологија со амбуланти, дијагностика и дневна болница

– Интервентна кардиологија со интензивна и полуинтензивна нега (која содржи оперативен блок со операциона сала за пејс-мејкер, ангиографска сала, сала за радиофреквентна аблација), како и простории за персонал

За жал иако работите се речиси завршени овој важен сегмент од македонското здравство нема соодветна работна дозвола што освен ризикот од хавраија носи можност некој од пациентите кои би доживеале било каква дозвола да ја тужи болницата за милионски суми, предупредува ,,свиркачот” кој бара да се надминат политичко – партиските или финансиските интереси на поединци и Костозглобната болница да работи согласно сите потребни процедури.