, која е источната граница на ЕУ, е најголемиот обид за дестабилизација на Европа од Студената војна.



„Белорускиот претседател Александар Лукашенко започна хибридна војна против ЕУ. Тоа е најголемиот обид за дестабилизација на Европа во последните 30 години. Полска нема да попушти пред уцените и ќе направи се за да ги одбрани границите на ЕУ“, предупреди на Твитер, полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Тој ќе се сретне со колегите од балтичките земји, од кои две исто така граничат со Белорусија, за да разговараат за кризата пред да замине во други европски земји следната недела.

Западот ја обвинува Белорусија дека вештачки создава криза дозволувајќи им на мигрантите, главно од Блискиот Исток, да дојдат во земјата и да ги однесат до границата, ветувајќи им лесен премин кон ЕУ. Белорусија ги отфрла тие обвинувања, а од друга страна ја обвинува ЕУ дека не прифаќа мигранти.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во петокот за Би-Би-Си изјави дека е апсолутно можно неговите сили да им помогнале на луѓето да се преселат во ЕУ, но тој негираше дека тој ја организирал операцијата или дека ги поканил.