Историчарот и аналитичар Благојче Атанасоски вели дека може да се направи отстапка и наместо во учебниците по историја да не пишува „бугарски фашистички окупатор“, (како што најави премиерот Заев), како гест на добра волја да се напипше – „Фашистичка Бугарија“.
„…Насекаде во светските историски учебници пишува кои земји се окупаторски, а кои се бореле против нив за да си ги ослободат своите земји и нонсенс е за тоа да се дебатира и ревидира“, вели Атанасовски во Утрински брифинг.
„Единствено може да се направи прецизно утврдување и наместо бугарскиот фашистички окупатор да стои Фашистичка Бугарија, како што пишуваме Нацистичка Германија, за да дадеме појаснување дека станува збор за одреден временски историски период во кој тие држави т.е нивните државници донеле погрешни геостратешки одлуки со кои ја предизвикале најголемата катастрофа во историјата на човештвото дотогаш.
Како и да е, и овој „гест на добра воља“, од страна на Бугарите нема да биде протолкуван како чекор напред“, вели Атанасоски за „Слободен печат“.







