Можат да се попишат и тие што се откажале од државјанство, вели Груби

„Доволно е да има извод од матична книга на родени, извод од книга на венчани или каков бил друг документ“, изјавил во гостување на ТВ Клан, првиот вицепремиер Артан Груби запрашан што со граѓаните кои имаат пасош од земјите кои дозволуваат само едно државјанство.



Запрашан дали таквите лица треба да дојдат во Македонија за време на пописот и да се попишат, Груби со одговор:

„Не, се попишува онлајн на страната на ДЗС census.stat.gov.mk и одзема од 3-5 минути попишувањето на целото семејство и да се даде придонес за нивните сонародници кои живеат во Македонија и за оние од дијаспората кои кога ќе дојдат ќе ги уживаат сите права – рамномерен регионален развој, рамномерен економски развој, соодветна и правична застапеност, јазик, знаме и сѐ тоа што доаѓа со одредените квоти“, рече Груби.

Тој нагласи и дека овие граѓани кои се државјани на земјите кои не дозволуваат двојно државјанство, со попишувањето нема да изгубат никакво право во земјите во кои живеат.

„И ова е многу важно да се нагласи дека ниту едно право во државата во која тие државјани, било да е Германија или Австрија, кои не дозволуваат двојно државјанство, не им се загрозува со пописот на населението на Македонија“, истакна Груби.

Извор Република