Може ли поради министрите на Алијанса да падне владата?

Кадровската комисија на Алијанса на Албанците побара од техничкиот премиер Талат Џафери да ги разреши двајцата министри од нивната партија, Фатмир Меџити и Азир Алиу.



Тие го навлекоа бесот на дел од партијата, близок до екс-претседателот Зијадин Села, откако се изјаснија дека го поддржуваат претедателот Арбен Таравари во неговото барање партијата да оди на изборите со опозициските партии на Касами, Билали и Изет Меџити, Беса, Алтернатива и Демократското движење.

Министрите Меџити и Алиу, отфрлаат можност сами да дадат оставка:

„Нема да поднесеме оставка, прво затоа што работевме транспарентно и второ, нашата партија не може да бара разрешување бидејќи нема основа врз која може да го бара тоа, бидејќи резултатите зборуваат сами за себе“, рече Азир Алиу.

Но, превирањата во Алијансата за Албанците може да влијаат на привремената техничка влада.

Според информации на ТВ 24 од СДСМ и од ДУИ се очекува предлогот за разрешување на Меџити и Алиу денеска најрано да стигне до Собранието.

Техничкиот премиер Џафери, се’ уште се нема изјаснето што ќе превземе во врска со споменатото барање.

Доколкку поднесе барање за нивно разрешување тоа може да предизвика и пад на владата бидејќи Алијанса за Албанците има осум пратеници во Собранието, а парламентарното мнозинство брои само 64 пратеници, потсетува Пресинг