Иако Руската федерација во моментов во светот е рангирана на петто место според  резервите на злато, оваа земја и понатау е водечка во купувањето и трупањето на златни резерви.



Централните банки во светот во првиот квартал од 2019 година купиле најголема количина на злато во последните шест години, при што Русија обезбедила водечка позиција бидејќи настојува да ја намали зависноста од доларот.

Руската централна банка во првиот квартал во своите трезори додала 55,3 тони злато благодарение на нејзините и така веќе големи резерви, кои достигнале 2.168,3 тони, што ја прави земјата повторно најголем купувач на злато, истакнува „Раша тудеј“.

“Русија купила 274,3 тони злато во 2018 година, додека драстично го намалила поседувањето на американски обврзници, како дел од напорите за диверзификација на девизните резерви од долари”, порачале од Светскиот совет за злато.

Кина е на второто место, со оглед на тоа што во првиот квартал купила 33 тони злато. И неколку други земји значително ги зголемиле своите резерви на злато, вклучувајќи ги и Еквадор,Турција, Индија и Казахстан.