Москва стравува дека Украина со западното оружје ќе удри длабоко во Русија

Москва не верува во ветувањата на Киев дека нема да користи западно оружје со долг дострел за да напаѓа длабоко во руска територија, објави во петокот државната новинска агенција РИА, цитирајќи претставник на руското Министерство за надворешни работи.



Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников оваа недела изјави дека Киев оружјето што САД планираат да му го дадат ќе го користи само за да ги напаѓа руските сили на украинска територија.

„Не може да имаме доверба во таквите изјави, бидејќи украинските власти постојано ја демонстрираа својата несигурност и неспособност да постигнат договор“, изјавил за РИА шефот на одделот во руското министерство, Алексеј Полишчук.

Во текот на ноќта руските сили извршија серија напади врз Харков, вториот по големина град во Украина, во чии делови имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија, а гранатиран е и градот Запорожје.