Русија подготвува одговор за германските медиуми акредитирани во Руската Федерација по одлуката на германската комисија за надзор на медиумите да го забрани емитувањето на телевизискиот канал RT DE, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
„Пресудата на германскиот медиумски регулатор е недвосмислен сигнал дека загриженоста на Русија е пркосно игнорирана. Овој чекор не лишува од секаков избор освен да почнеме да возвраќаме на германските медиуми акредитирани во Русија, како и на интернет посредниците кои произволно и неразумно ги бришат“ соопшти Министерството.
Алексеј Пушков, претседател на комисијата на Советот на Федерацијата за информатичка политика и односи со медиумите, е уверен дека Русија ќе одговори со „прилично строги мерки“ на одлуката на германските власти.
„Мислам дека ќе има одговор, не би сакал сега да прецизирам што ќе биде, но мислам дека тоа беше црвена линија на полето на дискриминација на руските медиуми. Верувам дека Русија, секако, ќе мора да одговори, Сигурен сум дека ќе одговориме со одмазднички и доста строги мерки“, додаде тој.







