Руското Министерство за одбрана предупреди дека ќе реагира со „пропорционален одговор“ доколку Велика Британија продолжи со „директните провокации“, објави Ројтерс.



Предупредувањето на руското Министерство за одбрана се однесува на изјавата на британскиот министер за вооружени сили Џејмс Хепи, кој рече дека Британија поддржува Украина да ја нападне Русија.

Хепи рече дека „не е икаков проблем“ ако Украина користи оружје донирано од Велика Британија во таквите напади.

„Сакаме да нагласиме дека доколку се остварат нападите на кои Лондон го повика режимот во Киев, нашиот непосреден пропорционален одговор ќе следува“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Како што предупредивме, руските вооружени сили се подготвени да извршат напади со високопрецизно оружје со долг дострел врз центрите за одлучување во Киев 24 часа на ден“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Руското Министерство за одбрана, како најдиректна закана за Британија досега, соопшти дека во случај на вакви руски удари „нема да биде нужно проблем“ доколку во тие центри за одлучување моментално се наоѓаат претставници на „одредени западни земји“.