Руското Министерство за надворешни работи ги осуди – како што стои во соопштението – властите на самопрогласената република Косово за испраќање трупи во дел од регионот со мнозинско српското население за да уапсат четворица лица.
Апсењата беа „провокација од Приштина чија цел е да ги истераат косовските Срби“, се вели во соопштението на министерството, додавајќи дека тоа е на линија со „континуираното грубо етничко чистење од страна на Приштина“.
Уште еден пример за тоа е одлуката со која се наметнуваат повисоки царини за српските производи, објави Министерството како што пренесува РТ.




