Москва предупредува да нема странско мешање по нападот на Украина

Рускиот претседател предупреди да нема обиди за странска интервенција во актуелните случувања, а камоли за странска интервенција откако тој утрово донесе одлука за напад на Украина.



„Никој не треба да се сомнева дека директен напад врз Русија ќе заврши со пораз на потенцијалниот агресор и страшни последици за напаѓачот“, предупреди тој.

„Кој и да се обиде да ни создаде опструкции, а камоли да претставува закана за нашата земја и нашиот народ, треба да знае дека одговорот на Русија ќе следи без одлагање и ќе повлече последици кои никогаш не сте ги сретнале во вашата историја.

Ние сме подготвени за каков било каков развој на настаните. Сите неопходни одлуки во врска со тоа ќе бидат донесени. Се надевам дека ќе ме слушнат“, рече Путин.

Веднаш потоа американскиот претседател Џозеф Бајден даде писмена изјава, во која ја обвини Русија за, како што рече, „војна со предумисла која ќе донесе катастрофални загуби на животи и човечки страдања“, и предупреди дека „САД и нивните сојузници и партнерите ќе одговорат на обединет и решителен начин“.

Бајден рече дека во теков на денот ќе има специјално обраќање за да објави дополнителни мерки против Русија што Вашингтон и неговите сојузници ќе ги преземат.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека на состанокот на земјите-членки на алијансата ќе се разгледаат ефектите од дејствијата на Русија кон Украина.