Руската амбасада во Лондон испрати листа на 14 прашања до британското Министерство за надворешни работи, барајќи да ги открие деталите за истрагата за труењето на поранешниот двон агент Сергеј Скипал и неговата ќерка и во кое својство Франција е вклучена во истрагата на руски државјани во друга држава.
Русија смета дека инцидентот, што предизвика дипломатски спор, е „фабрикуван случај против Русија“
- Зошто на Русија ѝ е одземено правото на конзуларен пристап до двајцата руски државјани на кои им било наштетено на британската територија?
- Со кои специфични противотрови и во каква форма биле инјектираните жртви? Како таквите противотрови дошле во сопственост на британските лекари на местото на инцидентот?
- На која основа Франција беше вклучена во техничката соработка во истрагата за инцидентот, во кој беа повредени руските граѓани?
- Дали Велика Британија ја извести OPCW (Организација за забрана на хемиско оружје) за инволвирањето на Франција во истрагата за инцидентот во Солзбери?
- Што има врска Франција со инциденто на двајца руски државјани во Велика Британија?
- Кои правила на процедуралното законодавство на Обединетото Кралство дозволуваат вклучување на странска држава во внатрешна истрага?
- Кои докази ѝ биле предадени на Франција за да ги проучува и да спроведе истрагата?
- Дали беа присутни француските експерти за време на земањето примероци од биоматеријали од Сергеј и Јулија Скрипал?
- Дали проучувањето на биоматеријалите од Сергеј и Јулија Скрипал е спроведено од француски експерти и, ако е така, во кои конкретни лаборатории?
- Дали Велика Британија ги има материјалите вклучени во истрагата што ја спроведе Франција?
- Дали резултатите од француската истрага биле презентирани до Техничкиот секретаријат на OPCW?
- Врз основа на какви обележја е оценето наводното „руско потекло“ на супстанцијата што се користела во Солсбери?
- Дали Обединетото Кралство има контролни примероци од агенсот кој е хемиско оружје, кој британските претставници го нарекуваат “Novichok”?
- Дали примероци од хемиски агенси за воени вежби од ист тип како “Novichok” (во согласност со британската терминологија) или аналогни на нив биле развиени во Велика Британија?
Слична листа, која содржи 10 прашања, била испратена до француското Министерство за надворешни работи од страна на Руската амбасада во Париз.
Сергеј Скрипал и неговата ќерка, Јулија, беа пронајдени на клупа во градот Солсбери во почетокот на март, по што Велика Британија обвини дека против нив бил употребен нервен агенс развиен во советско време.
Лондон соопшти дека е„”многу веројатно“ Русија да е одговорна за нападот и воведе санкции против земјата, вклучувајќи и протерувањето на руски дипломати.





