Москва подготвена да преговара со Киев

Официјална Москва е подготвена да ги продолжи преговорите со Киев за ситуацијата во Украина, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко.



„Не беше наша иницијатива да ги прекинеме тековните преговори, да воведеме пауза. Подготвени сме да се вратиме на преговорите штом Украина покаже конструктивна позиција и понуди одговор, или барем реакција, на предлозите што ги доставивме” рече тој.

Украина не сака примирје и нема да отстапи територии

Според него, официјална Москва во контекст на преговорите не обрнува премногу внимание на зборовите на советникот на украинскиот претседател Михаил Подолијак дека Киев исклучува секаков договор со Москва што подразбира признавање на нови граници.

Руденко рече и дека не е исклучено една од темите на преговорите да биде и размената на затвореници од фабриката „Азовстал“ кај Мариупол.