Москва не се откажува од поништување на Преспанскиот Договор

Нова реакција на министерството за надворешни работи на Руската Федерација за договорот за името.



Според официјална Москва договорот направил нови проблеми во Скопје и Атина.

“Решение за името треба да се потпира на широк општествен консензус и беспрекорна уставна основа. Преспанската спогодба не е таков случај. Таа само предизвика дополнителен раскол и во Грција и во Република Македонија”, изјави денеска портпаролката на руското МНР Марија Захарова.

Русија предходно демантираше било каква вмешаност во протестите во двете земји.