Руската влада започнува процес на еднострано повлекување од голем број меѓународни тела, вклучително и Светската трговска организација и Светската здравствена организација, изјави заменик-претседателот на руската Дума, Пјотр Толстој, цитиран од европското издание на американскиот весник Политико.
„Ние ќе ги преиспитаме нашите меѓународни обврски, договори кои денес немаат никаква корист, но директно и штетат на нашата земја“, додаде тој.
Тој ги наведе Светската трговска организација (СТО) и Светската здравствена организација (СЗО), велејќи дека „следниот чекор е да се напуштат СТО и СЗО, кои ги занемарија сите обврски кон нашата земја“.
Европските земји-членки на СЗО на 10 мај гласаа за резолуција со која се бара од СЗО да одлучи за потенцијалното преместување на нејзината Европска канцеларија за незаразни болести надвор од Москва, како и за прекинување на регионалните состаноци во Русија. Резолуцијата беше отфрлена од заменик-министерот за здравство на Русија, Андреј Плутницки, кој ја опиша како „грубо кршење на статутите на СЗО“.
Инаку, СЗО сè уште не ја одобрила руската вакцина за коронавирус „Спутник V“ или која било друга руска вакцина против СОВИД-19, а се користат во многу земји во светот, вклучувајќи ги Аргентина, Србија, Унгарија, многу арапски земји…
Насловот е позајмен од култниотфилм „Москва не им верува на солзите“







