Москва му порача на Кадиров „да олади“

По изјавата на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров дека за време на специјалната операција се неопходни „подрастични мерки, до прогласување воена состојба на граничните територии и употреба на нуклеарно оружје со мала моќност“, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, му порача „да ги смири емоциите“:



„Шефовите на регионите имаат право да го изразат своето гледиште и да дадат оценки. Тие, на крајот на краиштата, се шефови на цели руски региони, вклучително и Рамзан Кадиров, кој, како што знаете, од самиот почеток на специјалната воена операција придонесе многу за кампањата. И тој продолжува да го прави тоа“, истакна Песков.

Сепак, тој нагласи дека „дури и во тешки моменти, емоциите не треба да ја заматуваат секоја проценка“.

Според Песков, Кремљ поддржува „урамнотежен пристап“ кон прашањето за нуклеарното оружје.

Коментарите на Кадиров дојдоа еден ден откако претседателот Владимир Путин ја објави анексијата на четири украински региони…