Руската влада го повикала грчкиот амбасадор во Москва во знак на протест против бркањето на двајцата руски дипломати кои според Атина се обидувале да организираат протести против договорот од Преспа и со тоа да спречат Македонија да влезе во НАТО.
Според руското министерство за надворешни работи амбасадорот Андреас Фриганас е повикан за да му се изрази „одлучен протест против континуираните анти руски изјави од грчката страна“.
Предходно портпаролката на руското МНР Захарова ја обвини грчката влада за учество во провокации на што грчкото МНР одговори дека Москва мора да запре со постојаното непочитување на Грција.
Русија во последниве десетина месеци имаше неколку изјави со кои јавно се спротивстави и се закани на проширувањето на НАТО во регионот на Западен Балкан и директо во врска со Македонија.





