Русија би ги разгледала можните предлози за повторно воспоставување врски со Западот, но ќе размисли дали тоа е воопшто неопходно. Наместо тоа, земјата ќе се фокусира на развивање на односите со Кина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесе Ројтерс.
Тој рече дека западните земји се залагаат за „русофобија“ откако Русија го започна својот упад во Украина – опишана од Москва како „специјална воена операција“.
Русија работи на замена на стоките увезени од западните земји, рече тој, и во иднина ќе се потпира само на „сигурни“ земји кои не се должни на Западот.
„Ако (западњаците) сакаат да ни понудат нешто за обновување на односите, тогаш сериозно ќе размислиме дали ни треба или не“, изјави вчера Лавров.
Шефот на руската дипломатија додаде дека „сега кога Западот зазеде диктаторски став, нашите економски односи со Кина ќе растат уште побрзо“.
Русија мора да се фокусира на евроазискиот регион за нејзиниот понатамошен развој, изјави Лавров…
Тој ги отфрли поплаките со западните земји за кои рече имаат за цел да ги променат правилата на меѓународните односи на штета на Русија.
„Мораме да престанеме да бидеме зависни на кој било начин од испораките на апсолутно сè од Западот за да обезбедиме развој на критично важни сектори за безбедноста, економијата или социјалната сфера на нашата татковина“, рече тој.
Москва вели дека нејзиниот упад има за цел да ја демилитаризира Украина по, како што го опишува, државниот удар инспириран од Запад во 2014 година, кој беше олицетворение на екстремен национализам кое резултираше со протераваче на украинскиот претседател (Виктор Јанукович) кој беше пријател на Русија.







