Руските пратеници подготвуваат предлог-закон со кој ќе се дозволи конфискација на пари и имот од луѓе кои шират „намерно лажни информации“ за војската во земјата, пишуваaт медиуми.
Претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, рече дека мерката ќе се однесува и на оние кои се прогласени за виновни за „други форми на предавство“ – „дискредитација“ на вооружените сили, повикување на санкции против Русија или поттикнување екстремистичка активност.
„Секој што ќе се обиде да ја навреди Русија, кој ќе ја предаде, мора да претрпи заслужена казна и да ја надомести штетата направена на земјата по цена на сопствениот имот“, напиша Володин во Телеграм.
Тој прецизираше дека предлог-законот ќе биде доставен до Државната дума – Долниот дом на парламентот – во понеделник.
Откако ја испрати својата војска во Украина во февруари 2022 година, Русија го интензивирашезадушување на сите форми на несогласување со „специјалната операција“.
Според законите донесени во март истата година, дискредитирањето на вооружените сили или ширењето лажни информации за нив веќе се казнуваат со долги затворски казни.







