Полското Министерство за одбрана најави воени вежби кои започнуваат на 1-ви мај. „Од недела, колони со воена опрема ќе се движат по патиштата на речиси целата земја во врска со воените вежби, кои ќе се одржат во согласност со програмата за обука на полските вооружени сили оваа година“, соопшти Министерството. .



Од жителите беше побарано да не објавуваат информации и фотографии кои го покажуваат движењето на војниците и нивната локација, како и податоци за полетувањата и слетувањата на воените авиони.

Во врска со ова, шефот на руската служба за надворешно разузнавање (СВР) Сергеј Наришкин изјави дека Полска, заедно со САД, работат на план за воспоставување контрола врз дел од Украина. Наришкин рече дека првата фаза од операцијата на Полска треба да биде „влегување на полските трупи во западните региони на земјата под изговор за нивна заштита од руска агресија“.

Тој вели дека Варшава планира да распореди свои војници во оние делови на Украина каде што веројатноста за судир со руските вооружени сили е минимална, со цел да ја преземе контролата врз стратешките објекти лоцирани таму, додаде тој.

Наришкин тврди дека Полска смета на поделба на Украина, како резултат на што Полјаците ќе добијат контрола над нејзините западни територии.

Изјавите на Наришкин се уште не се коментирани во Полска.

Ова не е прва изјава на висок руски претставник во оваа насока. Секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев изјави дека Украина може да се распадне на неколку помали држави како резултат на војната.