Информациите дека руски бизнисмени од Грција по налог на Москва се мешале во македонските внатрешни работи е непримерно однесување кон една пријателска земја.
Оваа порака ја упатил денеска амбасадорот на Русија Олег Шчербак кој учествувал на комеморација на загинати војници од првата светска војна на воените гробишта во Прилеп.
Запрашан за информацијата објавена од премиерот Заев за рускиот бизнисмен од Грција кој наводно платил 300 илјади долари за насилни протести против Преспанскиот договор, Шчербак вели дека се работи за лажни вести за неговата земја кои ги продуцирала Македонија.
Според амбасадорот Русија е земја пријател на Македонија и двете страни треба да се воздржат од чекори како креирање на лажни вести кои водат кон нарушување на пријателството.
Премиерот Заев во изјава за американски медиум рече дека бизнисменот Савидис кој живее во Солун се обидел да го урне преспанскиот договор.





