Русија ги обвини САД дека стојат зад нападот со беспилотно летало врз Кремљ, чија цел била да се убие претседателот Владимир Путин.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифинг со новинарите вчера рече дека Вашингтон треба да биде свесен дека Русија знае дека САД избира цели и дека Украина само ги спроведува нивните планови.
Во средата вечерта, Кремљ беше нападнат со беспилотни летала во, како што објави Москва, неуспешен обид за атентат на претседателот Владимир Путин. Украина негираше каква било вмешаност во инцидентот откако беше објавена снимка од летечки објекти кои се приближуваат до Кремљ, од кои еден експлодира.
САД ги нарекоа таквите обвинувања смешни.
Претходно, западни извори тврдеа дека Русија сама го инсценирана нападот како преттекст за напад на Киев.
Го задржуваме правото да одговориме кога и каде ќе треба, се заканија официјални лица од Русија.







