Москва испрати нота до Вашингтон барајќи да ја прекине испораката на оружје за Киев, изјави рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов во интервју за телевизискиот канал „Русија-24“, пренесуваат медиуми.
„800 милиони долари…толку (количина) оружје ќе биде доставено до Киев од Вашингтон. Ова е огромна бројка, не придонесува за изнаоѓање дипломатско решение на ситуацијата. Дали поднесовме нота – да, ја нагласивме неприфатливоста на ситуацијата…„Кога Соединетите Американски Држави“ ја трупаат „Украина со оружје, ние побаравме да престане оваа практика“, рече тој.
Антонов истакна дека САД „се обидуваат уште повеќе да ги подигнат влоговите и да ја влошат ситуацијата“.
„Задачата е да не се дозволи, како што отворено велат (американските) сенатори, Русија цврсто да застане на нозе, за да се почитуваат руските интереси во светот и да се слушне рускиот глас“, рече дипломатот.
Синоќа американскиот државен секретар Ентони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин го посетија Киев и се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Откако беа изгласани последните 800 милиони долари воена помош, вкупниот износ на испораки на оружје за Киев од САД достигна 3,4 милијарди долари.







