
Градските власти во Москва се заканија со
Казна затвор до пет години ќе добијат лицата кои не ги почитуваат регулативите за самоизолација две недели по посетата на земјите каде има зараза со коронавирус како што се Кина, Јужна Кореја, Иран, Франција, Германија, Италија и Шпанија и други земји во кои има знаци на заразени со коронарна вирус.
По враќањето тие треба да се изолираат дома 14 дена без разлика дали имаат симптоми или не, а доколку не ги почитуваат овие правила ќе бидат казнети со казна и до пет години затвор.
Властите на Москва прогласија висок степен на тревога и воведоа дополнителни мерки со цел да го спречат ширењето на Ковид-19 во Русија.
Во Русија досега се регистрирани 15 пациенти со коронавирус.





