Mos u shqeteso: Новинар му го плесна во лице откако Османи призна дека владата не може да превезе 53 странски дипломати 17 километри

Новинарот на Заспиј ако можеш и колумнист на expres.mk Горан Момироски му го плесна решението в лице на министерот за надворешни работи Бујар Османи откако тој јавно призна дека владата не може да превезе 53 министри на ОБСЕ членките од аеродром до Скопје.



Во навидум ироничниот пост Момировски дава конкретни решенија како Османи и владата да го решат проблемот и да не трошат непотребно пари за возила за транспорт на гостите на завршната конференција на ОБСЕ каде Македонија е претседавач.

Целиот пост на Момироски:

О зотри Османи

Mos u shqeteso (Не се секирај) за 70 возила со кои треба да ги возиш шефовите на дипломатиите на ОБСЕ на завршната конференција.

Имаш неколку опции ако стварно сакаш да поминеш без да платиш.

Кога веќе признаваш дека не сте способни да донесете педесетина странски гости од аеродром до Борис Трајковски еве неколку идеи:

1. Земи им ги луксузните возила на министрите и директорите, ги имате преку 500 нови и пристојни кои ионака се користат за приватни, партиски потреби или за свадби, родендени и сунети.
Замоли ги министрите, замениците и директорите да одат тој ден пешки на работа или со точак. Ако не прифатат тогаш избркајте ги

2. Замоли ги амбасадорите со кои се гледаш секојдневно да ги позајмат своите амбасадорски возила за превоз на високите гости

3. Замоли ги првите 60 бизнисмени во Македонија да ти ги дадат со се шофери нивните возила додека трае конференцијата, сигурно ќе прифатат особено ако дискретно им ги спомнеш УЈП и Лукаровска 🙂

4. Нарачајте еден поубаво среден автобус од фабриката Ван Хул од слободната зона која е блиску до аеродромот која ионака прави луксузни автобуси

5. Ако ништо од ова не успее јас сум спремен да возам 6 министри (има 7 седишта) во мојата Тојота Корола Версо од 2004 година. Не ви земам пари пошто е на плин.
Само на задњите две седишта ќе мораат да седат помали министри пошто се за деца
Уриме