Морска мина „доплива“ во близина на бугарскиот брег

Old rusty underwater mine in the sea.

Турското Министерство за национална одбрана алармираше дека е откриена морска мина во близина на поморската границата со Бугарија, јави агенцијата Анадолија.



„Откриена е морска мина во близина на брегот на селото Игнеада во близина на границата со Бугарија“, се вели во соопштението на бугарското МНР, јавија бугарски медиуми.

Група на поморски специјалци била испратена во областа на инцидентот за да се деактивира мината.

Поморска мина северно од Истанбул во регионот на Босфор беше откриена во Турција на 26 март, неколку дена откако Русија предупреди дека непознат број противбродски мини се оддалечиле од украинските пристаништа, објави Ројтерс.

Old rusty underwater mine in the sea.