Морачанин ги спаси СДСМ и ДУИ за еден од законите за Бехтел Енка

Лидерката на ДОМ Маја Морачанин ги спаси СДСМ и ДУИ за еден од деветте закони за Бехтел Енка кои според многумина го подриваат правниот и уставниот систем на Македонија.



Предлог-Законот за измени во Законот за експропријација денска на пладне беше изгласан со 55 пратеници ЗА, 5 против и 1 воздржан.

На седницата вкупно биле присутни 61 пратеници.

Пратеничката Маја Морачанин која е лидерска на ДОМ гласаше против предлог законот, но доколку таа излезеше од сала немаше да има кворум и овој закон немаше да се усвои на дневен ред.