Амбасадорката на САД во ОН изјави дека е неприфатливо однесувањето на Владимир Путин кој им наредил на руските сили за нуклеарно одвраќање да бидат во готовност, пренесе Си-Би-Ес:
„Тоа значи дека претседателот Путин продолжува да ја ескалира оваа војна на начин кој е тотално неприфатлив и ние мораме да продолжиме да ги осудуваме неговите постапки на најсилно – на најсилен можен начин.
Путин го стави нуклеарното оружје во состојба на готовност
Нашите гласови се обединети со Европејците и со светот што треба да престане со своите агресивни дејствија кон Украина. И ние ќе продолжиме овде во Обединетите нации и ширум светот да го користиме секој можен лост што го имаме на располагање за да ги разоткриеме неговите постапки.
„Тоа значи дека мораме да продолжиме да ги запираме неговите постапки на најсилен можен начин“, рече Линда Томас-Гринфилд во интервју за Си-Би-Ес.






