Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Србија, донесе мерка за забрана за слетување на црногорскиот авиопревозник „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот „Никола Тесла“, во Белград пишуваат српоски медиуми.
Мерката е врз основа на реципроцитет, откако Владата на Црна Гора вои понеделникот донесе одлука да ги отвори границите на Црна Гора за граѓаните на дури девет држави, но не и за оние од Србија.
Во образложението на оваа одлука, се вели дека мерката на црногорската влада е сè уште во сила, што значи дека граѓаните на Србија не можат да влезат во Црна Гора.




