Јозеф Фрицл (88), кој со години ја држел во заробеништво сопствената ќерка и ја силувал, според новиот психолошки извештај – е безопасен, пишува австрискиот медиум Кронен Цајтунг.



Станува збор за монструмот кој 24 години ја држел својата ќерка Елизабета затворена во подрум во Амштетен.

Фрицл на својата ќерка и’ направи седум деца, а во затвор е од 2009 година.

Психијатарот Хајди Кастнер, која ја испитуваше менталната состојба на австрискиот силувач за време на судењето за инцест и дијагностицираше тешко растројство на личноста, сега заклучи дека Фрицл треба да се класифицира како – „безопасен“.

Според неа, тој има деменција во напредна фаза, и смета дека затоа е малку веројатно дека ќе направи повеќе кривични дела.

Според австриските медиуми, Фрицл се замислува дека учествувал во телевизиско шоу дека бил деловен човек, а понекогаш мисли дека е поп пејач.

Адвокатката Вагнер вели дека е можно нејзиниот клиент наскоро да биде сместен во државен дом за стари лица, но дека постои можност трајно да биде сместен во затворска болница.